На три дена пред заминување на Златибор каде ќе го одржи главниот дел од подготовките, Пелистер го договори третото странско засилување во пресрет на новата сезона.
Станува збор за американскиот бек Ламар Норман кој во Македонија доаѓа директно од колеџ. Има 23 години, висок е 185 сантиметри, а минатата сезона играл за Универзитетот Вестерн Мичиген. На 30 натпревари за Бронкос, просечно постигнувал по 17,3 поени, 2,8 скока и 3,1 асистенција.
Пред Норман, од странците, Пелистер се засили со крилниот играч Малколм Бернард и центарот Кристијан Банди.