Она што КОШ.МК го најави пред два дена, денеска доби потврда откако Пелистер официјално објави дека постигнал договор со Амар Хот
Младинскиот и сениорски репрезентативец на Македонија ќе биде засилување за двојниот последователен вицешампион кој и во претстојната сезона ќе се бори на три фронта: домашното првенство и Куп и АБА 2 лигата. Хот оди во Пелистер од Феникс каде што ја помина младинската школа и се афирмираше на кошаркарската сцена во земјава.
Битолскиот клуб беше доста тих во досегашниот дел од летото и по пласманот во финалето од домашниот плејоф, но во претстојните 2-3 недели се очекува да го формира тимот кој ќе претрпи многу измени во однос на минатата сезона.