Пелистер на уште еден турнир во Бугарија

0Shares
0 0

По учеството на турнирот во Плевен минатиот викенд, актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер идната недела повторно ќе патува кај нашиот источен сосед.

Битолчани ќе учествуваат на турнирот „Георги Христов“ што на 28 и 29 септември ќе се одржи во Ботевград, во организација на бугарскиот првак Балкан. Останатите две екипи кои ќе играат се Спартак Плевен и Черноморец.

Противник на Пелистер во полуфиналето ќе биде домаќинот Балкан, а тоа ќе биде една од најсилните контроли за вицешампионот во пресрет на новата сезона во која „зелено-белите“ ќе учествуваат и во АБА 2 лигата.

0Shares
0 0