Пелистер поразен и во мечот за третото место

0Shares
0 0

Македонскиот вицешампион го претрпе вториот пораз на турнирот што овие два дена се одржува во бугарскиот град Плевен.

По вчерашниот неуспех во дуелот со домаќинот, битолчани денеска загубија од Левски со 63-70. Првото полувреме мина во израмнета игра, софискиот тим водеше со 23-17, но на пауза се замина со еден поен предност за Левски. Пелистер го комплетира пресвртот на почетокот од третиот квартал, но до крајот на тој период Бугарите израмнија. Во последните десет минути Левски ја презеде контролата над резултатот и дојде до триумфот.

Новиот играч Сеад Хаџифејзовиќ беше најефикасен во тимот на Пелистер со 20 поени, а Донтеј Карутерс додаде 15.

0Shares
0 0