Пелистер продолжи со МВП и донесе мега-засилување

0Shares
0 0

По едномесечното затишје, најдобриот тим од основниот дел на минатата сезона, повторно се активираше со два потписа во еден ден.

Битолчани го продолжија договорот со најкорисниот играч од претходната натпреваrувачка кампања во изборот на кош.мк, Игор Кесар, на уште две години. Србинот имаше извонредна година во Македонија, беше носител на играта на Пелистер и ќе остане во клубот кој повторно ќе се бори за највисок пласман.

Нов играч на Пелистер е американскиот бек Тајлер Чиз кој во Македонија доаѓа од финското првенство, односно од тимот на Вилпас Викингс, но претходно беше член на Тревизо, поранешен Бенетон.

Пелистер досега потпиша договори со вкупно шестмина кошаркари од кои четири бека: Марјан Младеновиќ, Бобан Стајиќ, Петар Николиќ и Тајлер Чиз. Тука се уште Игор Кесар и Бојан Трајковски од кои повторно најмногу се очекува.

0Shares
0 0