Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ денеска беше специјален гостин на владејачката партија во Србија, Српска напредна странка (СНС).
Како што објавија оттаму, Антиќ ја поддржал листата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ која на претстојните избори во декември ќе се обиде да ја задржи власта во државата.
Антиќ и порано не го криеше пријателството со Вучиќ и неодамна, на средба во Скопје му подари патики со симболот на Србите.