Пешиќ, Здовц, Неш… во Куќата на славните на ФИБА

0Shares
0 0

Славниот српски стручњак Светислав Пешиќ, поранешниот југословенски и словенечки репрезентативец Јуре Здовц, канадаската играчка легенда Стив Неш и уште неколкумина, годинава ќе бидат официјално примени во Куќата на славните на ФИБА.

Тие се дел од Класата 2020 бидејќи лани, поради пандемијата со корона вирусот, немаше прием на нови членови, а избраните за 2021 година ќе бидат соопштени на 1 април. Дигиталната церемонија за двете класи ќе биде одржана на 18 јуни.

За Пешиќ, ова ќе биде круна на неговата четиридецениска тренерска кариера во која освои две титули на Европските и една на Светските првенства (со Германија и СР Југославија), а Здовц ќе биде примен како играч иако веќе долго време работи како тренер. Истото важи и а Стив Неш кој оваа сезона го води Бруклин Нетс што е негова прва самостојна тренерска работа.

Во Класата 2020 има 12 кошаркарски легенди од 12 различни држави од четири континенти кои заедно освоиле пет олимписки златни медали и пет титули од Светските првенства. Вкупниот број нивни одличја изнесува шест олимписки медали, десет подиуми на Мундијалите, 20 континентални медали и 70 клупски титули.

Во оваа класа влегоа: Изабел Фијалковски (Франција), Мичеслав Лопатка (Полска), Стив Неш (Канада), Агнеш Немет (Унгарија), Парк Шин Џа (Кореја), Модестас Паулаускас (Литванија), Александер Волков (Украина), Јуре Здовц (Словенија), Рибен Мањано (Аргентина), Светислав Пешиќ (Србија) и Тара Вандервер (САД).

0Shares
0 0