По второто коло од групите А, Д, Е и Х, шест репрезентации имаат биланс 2/0, а пет од нив веќе го обезбедија пласманот во Топ-16 фазата.
Без пораз по првите два натпревара се Доминиканска Република, Литванија, Црна Гора, Германија, Канада и Летонија со тоа што само Доминиканците не се и теоретски во вториот дел од шампионатот. Постои можност со евентуален пораз од Ангола и триумф на Италија против Порторико, тие, сепак, да останат надвор од кругот репрезентации кои продолжуваат понатаму во борбата за медалите.
Во директни дуели во вторник, за првото место во своите групи ќе одлучуваат Литванија и Црна Гора, односно Канада и Летонија, а Германија сигурно ќе го освои првото место во својата група каде Австралија и Јапонија ќе се борат за втората позиција, исто така во директна пресметка.
Покрај Франција, разочарување е и репрезентацијата на Финска која денеска загуби од ко-домаќинот Јапонија и ги загуби сите шанси за првите две места во групата Е. Со оглед на ланскиот настап на Европското првенство и фактот што го имаат одличниот Марканен, од Финците се оќекуваше многу повеќе на овој шампионат.
РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
ГРУПА А
Италија – Доминиканска Република 82-87
Филипини – Ангола 70-80
ТАБЕЛА: Доминиканска Република 2/0, Италија 1/1, Ангола 1/1, Филипини 0/2
ГРУПА Д
Црна Гора – Египет 89-74
Литванија – Мексико 96-66
ТАБЕЛА: Литванија 2/0, Црна Гора 2/0, Мексико 0/2, Египет 0/2
ГРУПА Е
Австралија – Германија 82-85
Јапонија – Финска 98-88
ТАБЕЛА: Германија 2/0, Австралија 1/1, Јапонија 1/1, Финска 0/2
ГРУПА Х
Либан – Канада 73-128
Франција – Летонија 86-88
ТАБЕЛА: Канада 2/0, Летонија 2/0, Франција 0/2, Либан 0/2