Петар Наумоски идната недела ќе добие друштво

0Shares
0 0

Безмалку шест години откако го повлече од употреба бројот 7, во чест на Петар Наумоски, европскиот шампион Анаолу Ефес ќе му укаже иста чест на уште еден свој истакнат кошаркар.

И во текот на летото беше најавено дека и бројот на Крунослав Симон (44) ќе биде повлечен од употреба, но денеска Анадолу Ефес објави кога точно ќе се случи тоа. Свеченоста е закажана за 1 декември кога во Истанбул ќе гостува Олимпијакос, во рамките на 11. коло од Евролигата.

Хрватскиот кошаркар беше член на Анадолу Ефес од 2017 до 2022 година и во тој период освои осум трофеи, вклучувајќи ги и двата во Евролигата, претходните две сезони. Најавено беше дека ќе ја заврши кариерата на крајот од минатата натпреварувачка кампања, но Симон одлучи да се врати во татковината и стана член на Цедевита Јуниор.

Со оглед на последните успеси на Анадолу Ефес, јасно е дека во годините што претстојат, друштвото во кое сега членуваат само Наумоски и Симон ќе биде далеку побројно.

0Shares
0 0