ПЕТРОВИЌ: Пак потфрливме во скокот, но на мојата екипа ѝ честитам на карактерот

0Shares
0 0

МЗТ Скопје го претрпе шестиот пораз во АБА лигата, но го одигра можеби најдобриот натпревар во регионалното натпреварување оваа сезона.

На најпријатното изненадување му парираше до крајот на мечот, два пати се врати по голема негатива и имаше шанса да направи сензација во Белград. Детали недостасуваа да дојде до тоа, но тренерот Александар Петровиќ е задоволен од прикажаното.

„Се вративме во последната четвртина по негатива од 19 поени и дојдовме на еден посед од победа. Немавме среќа, но повторно причината за поразот ја гледам во скокот.

ФМП имаше 12 скока повеќе и јасно е дека на тој сегмент од играта мораме да поработиме. Сепак, на мојата екипа ѝ честитам на покажаниот карактер“, изјави Петровиќ.

0Shares
0 0