Српскиот репрезентативец и играч на Црвена Звезда ќе учествува на Летните лиги за Филаделфија 76, потврди НБА франшизата.
На неа тој играше и лани, но не остави посебен впечаток на четирите меча кои ги одигра и Сиксерс одлучија да го остават во Европа. Тогаш тој потпиша договор со Црвена Звезда каде брзо стана еден од најдобрите играчи, но летово ќе се знае дали напреднал и дали кариерата ќе ја продолжи во НБА.
your 2023 #SummerSixers. pic.twitter.com/5a4LqTDCR7
— Philadelphia 76ers (@sixers) June 30, 2023
Летните лиги се одржуваат од 3 до 6 јули во Солт Лејк Сити и од 7 до 17 јули во Лас Вегас. Петрушев многу веројатно нема да има одмор ова лето бидејќи сезоната за него заврши пред десетина дена, а по враќањето од САД ќе треба да се приклучи на српската репрезентација на подготовките за Светското првенство.