Петта победа по ред на Рајковиќ за прво место на табелата во ВТБ лигата

0Shares
0 0

Саратов под водство на Емил Рајковиќ е напријатното изненадување во ВТБ лигата на почетокот од оваа сезона.

Денеска овој тим ја оствари петтата победа во низа во регионалното натпреварување, совладувајќи го Нижњи Новгород со 100-94 за прво место на табелата со биланс 6/1, колку што има и Уникс.

Почнувајќи од средината на втората четвртина, Саратов ја имаше контролата над резултатот, во третиот период водеше и со 13 разлика, за да дојде до драма во финишот кога гостите се доближија на само два поена негатива (94-96) на само 35 секунди пред краот на натпреварот. Во следниот напад Скруб го однесе Саратов на +4, а откако кошаркарите на Нижњи ја загубија топката, Чери стави точка на девет секунди пред крајот.

Саратов има шанса да ја продолжи победничката серија и во следниот натпревар бидејќи го пречекува полскиот претставник Зјелона Гора, претпоследниот тим на табелата кој има биланс 1/6.

0Shares
0 0