Пионерите на МЗТ Скопје станаа државни прваци

0Shares
0 0

Екипата на МЗТ Скопје составена од кошаркари на возраст до 12 години ја освоија титулата во својата категорија откако во вечерашното финале го победија Вардар со 49-47.

Херој на младите аеродромци беше Марко Ѓорѓиевски кој постигна повеќе од третина од поените на својот тим (17), вклучувајќи го клучното слободно фрлање во финишот за недостижна предност од четири разлика. Ѓорѓиевски на крајот го понесе и признанието за најкорисен играч на завршниот турнир.

Во борбата за третото место Партизан Водно Санс го победи Шкупи со 58-34 и го освои бронзениот медал.

фото: КФСМ

0Shares
0 0