Пионерите на Работнички доминантно до шампионската титула

0Shares
0 0

М14 екипата на Работнички на убедлив начин стигна до шампионската титула во својата категорија за 2023 година.

Враќањето на старите патеки на школата на најтрофејниот македонски колектив ја потврдија пионерите, предводени од фантастичниот тренер Нермин Пепиќ со две сигурни победи на завршниот турнир што се одржа во Градски парк. Во вчерашното полуфинале беа подобри од Вардар со 90-72, а денеска ја совладаа ИБА Академија со 84-65.

Стефан Илиев

За најкорисен играч на завршниот турнир беше Стефан Илиев кој доминираше на двата натпревара. Кошаркарот на Работнички вчера постигна 36, а денеска 35 поени.

Бронзениот медал му припадна на Вардар кој во натпреварот за третото место беше подобар од Куманово со 70-48.

М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР,РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Работнички – Вардар      90:72
ИБА Академија – Куманово 79:54
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
Вардар – Куманово 70-48
Работнички – ИБА Академија 90-72

0Shares
0 0