Пионерите на Работнички со пехар од турнир во Србија

0Shares
0 0

Пионерските екипи на Работнички и Вибас (генерација 2009 и помлади) минатиот викенд настапија на меѓународниот „Турнир на шампионите“ што се одржа во Ужице.

Поуспешни беа кошаркарите на Работнички кои на крајот го освоија пехарот откако во финалниот меч беа подобри од Сутјеска од Никшиќ со 65-64. Драматичното финале беше решено во последната минута во која црногорскиот тим влезе со предност од 62-58, а на 45 секунди пред крајот имаа и 64-60.

Бошовски со тројка намали на само еден поен негатива, а кошот за победа го постигна Сотир на помалку од секунда пред крајот откако претходно го претрча целиот терен. Во идеалната петорка на турнирот влезе Стефан Илиев, а за МВП е прогласен Теон Бошковски.

Тимот на Вибас го освои 11. место откако во последниот меч беше подобар од домаќинот Шампион.

0Shares
0 0