Пионерите на Вардар на EYBL турнир во Романија

0Shares
0 0

Пионерската екипа на Вардар (кошаркари родени 2009 година и помлади), од утре до недела ќе учествуваат на првиот турнир од новата сезона во Европската младинска кошаркарска лига (EYBL).

Турнирот се одржува во романскиот град Орадеа, а „црвено-црните“ ги очекуваат четири натпревари за три дена. Утре два пати излегуваат на терен и тоа против две словенечки екипи: Гросупље од 8 часот наутро и МАФЦ од Унгарија од 20 часот. В сабота, противник ќе им биде Мишколц од Унгарија, а в недела Ол стар од Црна Гора.

Во истата група се наоѓаат уште Алфа Сибиу, Орадеа, Ужгород Хелиос Санс, но со нив, Вардар ќе игра на вториот турнир, на почетокот од 2023 година. Како загревање за овој турнир, нашите млади кошаркари денеска одиграа пријателски меч со домаќинот Орадеа.

Во истата оваа конкуренција, минатата недела настапи и МЗТ Скопје во Будимпешта и оствари две победи и два пораза.

0Shares
0 0