Пионерите на Вардар на турнир со Партизан, Звезда, Арис…

0Shares
0 0

Од утре до недела, М13 екипата на Вардар (кошаркари родени 2010 година и помлади) ќе учествуваат на силен меѓународен турнир во Белград во организација на независната компанија „Basketball Serbia“.

Ќе настапат 16 екипи, поеделни во четири групи, од државите на поранешна Југославија, но и од Италија, Унгарија, Грција и Романија. Вардар се наоѓа во групата А, со Партизан од Србија, Буба од Бугарија и Шкофја Лока од Словенија, а во останатите групи, меѓу другите, се и пионерските екипи на гигантите Црвена Звезда, Арис итн.

Својот настап, „црвено-црните“, под водство на тренерот Оливер Стојменовиќ, го почнуваат утре од 11:40 часот против Партизан, вечерта од 19 часот се среќаваат со Шкофја Лока, а в сабота од 9 играат со Буба. Натпреварите за пласман се играат в недела.

Член на Управниот одбор на „Basketball Serbiа“ координаторот на младинската школа на Вардар, Никола Данев кој е вклучен во организацијата на турнирите и промоција на кошаркари во странство.

0Shares
0 0