Пионерската екипа на Бадел ја освои шампионска титула во својата категорија откако во денешното финале беше убедливо подобра од Тим Арена со 55-36.
Се чини дека најважната работа, кошаркарките на оваа екипа ја завршија вчера кога го елиминираа Вардар, а денеска само ја потврдија својата надмоќ во оваа конкуренција. Уште во првата четвртина направија двоцифрена предност (19-8), а потоа само ја одржуваа, па дури успеаја и да ја зголемат до крајот на мечот.

Панкова со 22 поена беше најефикасна во победничката екипа, а Сарафилоска додаде 14. Кај Тим Арена, Колева реализира 19 поени. Сарафилоска апсолутно заслужено беше прогласена за МВП на завршниот турнир откако на двата меча постигна вкупно 42 поена.