Плејмејкер од САД доаѓа во Кожув

0Shares
0 0

По серијата заминувања од екипата, гевгелискиот прволигаш го почнува процесот на консолидација и во следниот период очекува неколку засилувања за вториот дел од сезоната.

Досега во тимот дојде само Тревон Бродвеј од ТФТ, а наскоро тој ќе добие американско друштво бидејќи е најавено доаѓањето на неговиот сонародник Мајлс Томпсон. Станува збор за 23-годишен плејмејкер, висок 187 сантиметри кој минатата сезона настапувал за Универзитетот Окленд. Во Гевгелија треба да пристигне в петок и неколку дена ќе биде на проба, а ако ги задоволи критериумите на тренерот Перо Блажевски, најверојатно ќе остане до крајот на сезоната.

Од Кожув досега си заминаа странските кошаркари, како и Марко Симоновски кој кариерата ќе ја продолжи во Иран. Покрај Томпсон, се очекуваат и други засилувања до продолжението на првенството.

0Shares
0 0