„Мајсторката“ од финалната серија во АБА лигата против Партизан беше последен натпревар во богатата кариера на плејмејкерот на Црвена Звезда, Стефан Марковиќ.
Популарниот Пефи одлучи да замине во пензија на 35-годишна возраст, по 18 сезони како професионалец. Освен за Звезда, играше и за Атлас, Хемофарм, Бенетон, Валенсија, Банвит, Малага, Зенит, Химки и Виртус, а безмалку една деценија беше и репрезентативец на Србија со која освои сребрени медали на Европското првенство во 2009, Светското во 2014 и Олимписките игри во 2016 година.

Иако играше на плејмејкерската позиција, главна карактеристика му беше играта во одбрана и речиси редовно беше задолжен за најдобрите противнички кошаркари.