Плејофот уште поблиску, Партизан го разнесе лидерот

0Shares
0 0

Партизан ги искористи поразите на Валенсија и Жалгирис и со убедлив триумф вечерва против првопласираниот Олимпијакос, уште повеќе се доближи до плејофот во Евролигата.

„Црно-белите“ славеа со 90-75 за 17. победа сезонава во елитното натпреварување и на четири кола пред крајот, има два триумфа предност во однос на деветтопласираниот Жалгирис. Ова беше четврта победа за Партизан во последните пет кола, а во последните четири круга му се потребни уште две за да го завери пласманот во разигрувањето за титулата.

Во дуелот со Олимпијакос, Партизан доминираше во текот на сите 40 минути. Имаше убедливи 48-36 на полувреме, лидерот на табелата со доближи на 46-50 во третата четвртина, но тоа беше се од него. Со нова серија, домашниот тим се одлепи на двоцифрена разлика која успеа да ја сочува до крајот.

Џејмс Нанели беше најефикасен во тимот на Партизан со 19 поени, Пантер постигна 17, а Ексум уште 15. Прв стрелец на Олимпијакос, а воедно и натпреварот беше Мекисик со 21 поен.

РЕЗУЛТАТИ, ЕВРОЛИГА – 30. КОЛО
ДЕНЕСКА
Фенербахче – Жалгирис 87-79
Монако – Валенсија 90-79
Виртус – Реал 79-96
Партизан – Олимпијакос 90-75
Милано – Баерн 99-74
ВЧЕРА
Црвена Звезда – Басконија 74-63
Панатинаикос – Барселона 74-88
Алба – Анадолу Ефес 95-93
Асвел – Макаби 67-85

0Shares
0 0