Живата легенда на македонската кошарка Војдан Стојановски покажа дека не старее и дека на 35 години може да игра како во своите најдобри денови.
Апсолутно заслужено го освои признанието за најкорисен играч во финалната серија, но секако има огромни заслуги и за резултатите на МЗТ Скопје во текот на целата сезона. Како загревање му дојдоа првите два меча против Пелистер на кои постигна 11, односно 23 поени за вечерва да експлодира со 33 поени и индекс 40.
Ова е втора МВП награда за македонскиот репрезентативец во домашното првенство откако првата ја доби во 2011, како играч на тогашниот Фени Инудстри (сега Еуро Никел) кога кавадаречкиот тим го победи Работнички со 4-1.
фото: gol.mk