Панатинаикос израмни на 1-1 во финалната серија од грчкото првенство откако вечерва како домаќин го совлада својот најголем ривал со 67-65.
Тоа е прва победа на ПАО над Олимпијакос од ноември 2021 година, односно по 14 порази во низа, сметајќи ги сите натпреварувања и по 563 дена. Тројката за победа ја постигна Понитка на 17 секунди пред крајот, но покрај него, се истакна уште Ли со 12 поени.
На Олимпијакос му се случија низа несреќи пред и за време на овој натпревар. Слукас не играше поради повреда, Вокап беше исклучен, а Везенков се повреди пред крајот на третата четвртина и повеќе не се врати на теренот. Со овој пораз е ставен крај на серијата од 61 победа на тимот на Олимпијакос во грчката кошарка, сметајќи ги сите натпреварувања.
Третиот меч од серијата се игра на 11 јуни на теренот на Олимпијакос, а најдоцна до 18 јуни ќе биде познат новиот шампион на Грција.