По победата против Младост, шок за МЗТ Скопје

0Shares
0 0

Македонскиот шампион со биланс 1/1 го напушта Златибор и првиот турнир од новата сезона во АБА 2 лигата.

Пред два дена приреди изненадување, совладувајќи го фаворизираниот Младост, а вечерва доживеа исто толкаво, но непријатно изненадување, со поразот од Рогашка од 64-80. Тешко е да се објасни што се случи нашиот претставник во регионалното натпреварување.

Со исклучок на првите 15 минути во кои беше рамноправен противник, се понатаму одеше спротивно на замислите на МЗТ Скопје. Со серија од 13-2, Рогашка отиде на 45-29, резултат со кој се замина на голем одмор. Второто полувреме почна со серија на МЗТ од 7-0, но сето тоа кратко траеше бидејќи Словенците повторно ја презедоа иницијативата и почнаа да го зголемуваат водството. На три минути пред крајот Рогашка ги имаше највисоките 78-55.

Дамјан Стојановски и Хуан Дејвис со по 12 поени беа најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, а само уште Дејвис и Вер беа двоцифрени, со по десет поени.

0Shares
0 0