Неколку часа по Огњен Јарамар, Партизан го објави и второто засилување за новата сезона кое доаѓа од редовите на Панатинаикос.
Станува збор за полскиот репрезентативец Матеуш Понитка кој денеска потпиша договор со шампионот на АБА лигата на 1+1 сезона. Во дресот на грчкиот клуб, претходната натпреварувачка кампања постигнуваше по 8,2 поена, 5,2 скока и 2,4 асистенции.
Сепак, Полјакот го сврте вниманието врз себе на ланското Европско првенство на кое со својата репрезентација беше најголем хит. Полска стигна до полуфиналето, а Понитка беше најзаслужен за тоа, дури против Словенија оствари трипл дабл со 26 поени, 16 скока и 10 асистенции.
Минатата недела тој доби отказ од Панатинаикос, а се шпекулираше дека има понуда од Црвена Звезда, вредна 1,2 милиони долари за две сезони.