По сите осцилации, Гостивар математички е во плеј-офот

0Shares
0 0

Иако имаше тежок период, со победата против МЗТ Скопје гостиварскиот прволигаш денеска и официјално го обезбеди пласманот во разигрувањето за титулата.

Му остануваат да одигра уште два меча, но во моментов има биланс 11-9 што му е дозволно за место меѓу најдобрите осум. Што и да се случи, Кожув, Вардар, МЗТ Скопје 2 и Црн Дрим не можат да го стигнат до крајот на основниот дел од сезоната.

Во преостанатите два меча, против Работнички во Скопје и ТФТ на домашен терен, Гостивар ќе се обиде да оствари победи, не толку поради подобриот пласман бидејќи плеј-офот ќе се игра на неутрален терен, колку за кревање на самодовербата пред завршницата на сезоната.

0Shares
0 0