Победа и пораз за младинките пред почетокот на Европското првенство

0Shares
0 0

По гостувањето во Црна Гора каде одигра два пријателски натпревара, претходните два дена македонската М20 женска репрезентација имаше уште два силни теста.

Овојпат на домашен терен, во „Кале“ гостуваше селекцијата на Швајцарија. Двомеч во кој избраничките на селекторот Јелена Антиќ стигнаа до првиот успех во периодот на подготовките.

На првата проверка, нашата женска репрезентација триумфираше со 64-63. Матеа Николиќ реализише 16 поени и пет скока, Наталија Секуловска дополни 14 поени и три скока, а Елена Тасевска беше третата со двоен број на поени – 12 (плус три скока).

Младите кошаркарки на Швајцарија ни се реваншираа во втората во која стигнаа до триумф од (69:56). Илина Селцова на овој меч реализираше 11 поени, а Елена Тасевска уште 10.

Македонската М20 репрезентација од сабота учествува на Европското првенство Б-дивизија што се игра во Скопје. Прв противник ќе ѝ биде Косово, на 9 јули од 18:45 часот.

0Shares
0 0