Српската репрезентација си ја заврши својата работа во дуелот со Литванија и обезбеди место во полуфиналето од Светското првенство, а може уште утре да го прослави директниот пласман на Олимписките игри во Париз.
За да се случи тоа, потребно е да биде меѓу двете најдобри европски селекции на Мундијалот, а услови за тоа се победи на Канада и САД против своите ривали. Елиминација на Италија и Словенија ќе значи дека Србија останува во друштво со Германија или Летонија и тоа ќе значи виза за Србија за Париз.
Ако ова не се оствари, тогаш Србија ќе треба да стигне до финалето што не е невозможно, имајќи ја предвид играта на избраниците на Светислав Пешиќ денеска против Литванија.