Почина легендарниот плејмејкер на Југопластика!

0Shares
0 0

Прославениот српски кошаркар Зоран Сретеновиќ почина денеска на 57-годишна возраст од последица на срцеви проблеми, објавија медиумите во соседството.

Беше еден од најдобрите плејмејкери во последните две децении од минатиот век и член на легендарната генерација на Југопластика која освои три титули по ред во Купот на европските шампиони, од 1989 до 1991 година. На клупски план, играше и за најдобрите српски екипи Партизан и Црвена Звезда, но со значајно помал успех.

Ја претставуваше СФР и СР Југославија, освои титули на европските првенства во 1991 и 1995 година, а играчката кариера ја заврши во 2001 година. Почна во Будуќност, работеше во уште неколку клубови во Србија, а последниот ангажман му беше во Стал, во 2016 година по што на негово место дојде нашиот Емил Рајковиќ.

Сретеновиќ е вториот член на легендарната генерација на Југопластика кој почина, по Горан Собин кој замина од овој свет на 20 декември 2021 година, на 59-годишна возраст.

0Shares
0 0