Два дена откако беше хоспитализиран поради тешки здравствени проблеми, почина Сесил Ексум, таткото на досегашниот играч на Партизан, Данте.
Од него, вечерва се прости белградскиот клуб преку социјалните мрежи иако Данте Ексум официјално не е повеќе негов играч бидејќи постигна договор за враќање во НБА лигата, во тимот на Далас Маверикс. Сесил беше редовен навивач на Партизан последната сезона, особено во финишот кога „црно-белите“ водеа жестоки битки во Евролигата и АБА.
Освен што е татко на Данте, Сесил Ексум е познат и по тоа што беше дел од универзитетскиот тим на Северна Каролина, заедно со Мајкл Џордан, Џејмс Ворти и Сем Перкинс кој во 1982 година ја освои титулата во НЦАА.