Стартува новата сезона во АБА 2, МЗТ Скопје и Пелистер почнуваат утре и в среда

0Shares
0 0

Попладнево стартуваше новата сезона во регионалното натпреварување која и оваа сезона ќе се игра турнирски.

Домаќин на првиот „балон“ е Златибор, слично како лани, но разликата е во тоа што друштво на МЗТ Скопје сега ќе му прави Пелистер кој е дебитант во ова натпреварување. Денеска на програмата се три меча од првото коло, а македонските претставници ќе излезат на терен утре, односно в среда.

Прв противник на МЗТ Скопје е еден од фаворитите за највисок пласман Младост Земун, а натпреварот се игра утре од 18 часот. Пелистер го заклучува првото коло со пресметката против Ловќен, в среда од 15 часот.

Турнирот во Златибор ќе трае до 15 октомври, а во второто коло МЗТ Скопје игра против Рогашка од Словенија, додека Пелистер се среќава со Сутјеска од Црна Гора.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МЗТ СКОПЈЕ И ПЕЛИСТЕР

  1. КОЛО:
    12.10 МЗТ Скопје – Младост 18:00
    13.10 Ловќен – Пелистер 15:00
  2. КОЛО:
    14.10 Рогашка – МЗТ Скопје 21:00
    15.10 Пелистер – Сутјеска 18:00

0Shares
0 0