Почна раситнувањето на Барса – си замина првиот играч

0Shares
0 0

Американскиот интернационалец Најџел Хејс Дејвис преку Инстаграм го објави своето заминување од екипата на Барселона.

Крилниот играч дојде во Каталонија минатото лето од Жалгирис, но не ги оправда очекувањата. На 37 натпревари за Барселона, просечно постигнуваше по 4,1 поен и 2,1 скок што е премалку за играч од таков калибар.

„Благодарам за се, ова беше фантастично доживување за мене“, напиша Хејс Дејвис во прошталниот пост на Инстаграм.

Се очекува претстојниот период од Барселона да си заминат уште неколку кошаркари меѓу кои и оние што беа носители на играта последните две сезони. Извесно е дека ќе си одат Ник Калатес, Брендон Дејвис, Кори Хигинс и Кајл Кјурик, а со Барса се поврзуваат чешките интернационалци Јан Весели и Томаш Саторански, како и Србинот, Никола Калиниќ.

0Shares
0 0