Почнува новата сезона во НЦАА, Јакимовски мора дополнително да одмора

0Shares
0 0

Вечерва и утринава по средноевропско време се играат првите натпревари од новата сезона во НЦАА во која повторно ќе настапуваат македонски репрезентативци.

Андреј Јакимовски со Вашингтон Стејт Универзитетот ја почнува својата трета сезона во оваа конкуренција. Очекувањата се тој да блесна во тимот на Кугарс и да биде еден од лидерите на тимот, но за жал ќе мора да почека на првиот настап во новата натпреварувачка кампања. Во текот на подготовките, Јакимовски доживеа повреда на прст на ногата поради која не играше две недели, а најверојатно ќе биде недостапен и во следните 20-тина дена.

Проценките се дека ќе пропушти 4-5 натпревари што и не е страшно со оглед на тоа што сите тие се со ривали кои не се во истата конференција. Кога ќе дојдат на ред противниците од конференцијата, Јакимовски би требало да се врати во тимот.

Сезоната почнува и за Лука Савичевиќ кој со Истерн Мичиген вечерва игра на домашен терен против Вејн Стејт. И тој претходните две недели се мачеше со повреда на задната ложа, но се очекува да биде во составот за првиот натпревар.

0Shares
0 0