Покрај Мулалиќ, Работнички донесе уште двајца странци!

0Shares
0 0

Најтрофејниот македонски клуб го потврди Мирко Мулалиќ, но пред крајот на преодниот рок во АБА 2 лигата се засили со уште двајца странски кошаркари.

Станува збор за хрватскиот крилен центар Филип Бундовиќ и Американецот, Рајнер Торнтон. Торнтон има 25 години, висок е 199 сантиметри, игра на крилната позиција и бил член на Универзитетот Мемфис. Ова ќе биде прво искуство за него во европската кошарка.

Филип Бундовиќ, кој е досегашен член на Цибона, треба да го пополни местото на Дешон Вашингтон. Има 27 години, висок е 202 сантиметри, а интересно е тоа што по доаѓањето на новиот тренер Владимир Јовановиќ го загуби своето место во тимот на Цибона и не настапи на претходните два меча од АБА лигата. Последен пат играше пред еден месец, на 24 јануари, против Мега на гостински терен. кога за речиси 17 минути постигна два поена.

Бундовиќ беше член на Цибона последните три години, а претходно играше за неколку хрватски екипи, но има и интернацинално искуство во Германија, Шпанија, Косово и Турција.

Ангажманот на Торнтон и Бундовиќ потврдува дека Работнички не се откажал од пласманот во плеј-офот во АБА 2 лигата, но и дека има висок амбиции во домашното првенство.

0Shares
0 0