Најтрофејниот грчки клуб продолжува максимално сериозно со реконструкцијата на екипата која претстојната сезона ќе се бори за сите трофеи.
Откако вчера го промовира Хуанчо Хернангомес, денеска Панатинаикос го додаде полскиот центар Александер Балчеровски кој потпиша договор на две години. Играчот, висок 215 сантиметри е 11. засилување за атинскиот тим во пресрет на новгата сезона и ќе ја комплетира центарската линија која ја сочинуваат уште Матијас Лесор и Костас Адетокунбо.
За да го донесе во своите редови, Панатинаикос мораше да плати 500 илјади евра како отштета на досегашниот клуб на Балчеровски, Гран Канарија со која Полјакот минатата сезона ја освои титулата во Еврокупот.
Пред Балчеровски, ПАО се засили уште со: Костас Слукас, Кајл Гај, Џеријан Грант, Лука Вилдоса, Јоанис Папапетру, Хуанчо Хернангомес, Костас Адетокунбо, Матијас Лесор, Динос Митоглу и Димитрис Мораитис, а ќе има и нов тренер во Ергин Атаман.