Помладите кадети на Водно Санс заминаа на првиот турнир од EYBL

0Shares
0 0

Генерацијата кошаркари на Партизан Водно Санс, родени 2008 година и помлади, од утре до недела ќе учествуваат на првиот турнир од Европската младинска кошаркарска лига сезонава, што ќе се одржи во Дебрецен, Унгарија.

Тоа е втор настап на екипа на Водно Санс во ова натпреварување, откако една година повозрасните, минатиот викенд играа на турнир во Софија. Тимот предводен од Антонио Савевски како прв тренер и Един Имер како помошник, го очекуваат четири натпревари во период од три дена, а ќе се обиде да направи колку е можно подобар резултат пред продолжението од сезоната во кое главна цел ќе биде настап на завршниот турнир.

Во Дебрецен, Водно Санс ќе игра против Сокол Прашки од Чешка, Дан Дачијан од Романија, Академи Истанбул од Турција и Про Баскет од Црна Гора. Во групата се уште ДЕАЦ од Унгарија, Интер Братислава од Словачка, Буба од Бугарија и ЦФББ од Луксембург, но со нив, нашиот тим ќе игра на вториот турнир. Дел од кошаркарите: Филип Сребров, Марко Димоски, Никола Костов и Матеј Костов играа и за М16 екипата минатата недела во Софија и се очекува тие да бидат лидери на турнирот во Дебрецен.

Патувањето на помладите кадети на Партизан Водно Санс во Унгарија е поддржано од Општина Центар.

СОСТАВ
Филип Сребров
Марко Димоски
Матеј Костов
Никола Костов
Ендрит Сулејмани
Лука Гацевски
Марко Бајалџиев
Дамјан Црвенов
Емануел Михајловски
Николас Арабаџис
Јакоб Ромих
Никита Арсовски
Војдан Стаменковски

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
11.11.2022 Водно Санс – Сокол Прашки 13:00
12.11.2022 Водно Санс – Дан Дачијан 13:00
12.11.2022 Водно Санс – Академи Истанбул 21:00
13.11.2022 Водно Санс – Про Баскет 11:00

0Shares
0 0