Помладите пионери на Феникс – шампиони на Македонија

0Shares
0 0

Кошаркарскиот клуб Феникс уште еднаш потврди дека има една од најдобрите младински школи во земјава.

М12 екипата на овој клуб денеска стана шампион на Македонија откако во финалето беше подобар од Струмица со 35-22. Мечот помина во доминација на Феникс, кој беше и во улога на организатор на завршниот турнир, но отпорот на младите струмичани беше скршен дури во третата четвртина кога скопската екипа направи двоцифрена предност.

Третото место во оваа конкуренција го освои Борец Баскет кој во малото финале беше подобар од Куманово со 25-23.

0Shares
0 0