Понитка не го ни облече дресот на Реџо Емилија, а ѝ донесе 100 илјади евра

0Shares
0 0

Полскиот репрезентативец Матеуш Понитка од денеска официјално е член на Панатинаикос со што го круниса одличниот настап на Европското првенство на кое ја однесе својата селекција до полуфиналето.

Искусниот кошаркар потпиша договор на една сезона, а во ПАО оди од италијанскиот прволигаш Реџо Емилија. Овој клуб е најголем добитник од целата ситуација бидејќи како отштета, за Понитка доби 100 илјади евра иако Полјакот не одигра ниеден официјален натпревар за него. Понитка беше член на Реџо Емилија од 17 август, тогаш потпиша договор на три месеци, а за да го добие веднаш и да биде на располагање за стартот на сезоната, Панатинаикос прифати да плати шестцифрена сума.

Своето деби за новиот клуб, полскиот интернационалец ќе го има на 1 октомври кога ќе се одржи Суперкупот на Грција.

0Shares
0 0