Натпреварот со кој требаше да почне денешната програма во Првата лига, ќе почне нешто подоцна.
Во салата во Кисела Вода имаше технички проблеми со електричините уреди, па по повеќе од половина час загревање, Академија ФМП и Кожув одлучија да го сменат теренот. Место во „Независна Македонија“, овој натпревар ќе се игра во „Шабан Трстена“ во Чаир.
Во моментов, двата тима повторно се на загревање и се очекува наскоро дуелот од долниот дел на табелата конечно да почне.