Порака до браќата на Јокиќ: Подобро им е да седат мирни

0Shares
0 0

Првпат по скандалозниот натпревар, одигран на 8 ноември во Колорадо, утре се среќаваат екипите на Мајами и Денвер, овојпат на Флорида.

Претходниот дуел заврши во корист на Нагетс, но мечот го одбележа инцидентот во кој учествуваа Никола Јокиќ и Маркиф Морис по која Србинот доби суспензија на еден натпревар. Веднаш по тој натпревар излезе информација дека билети за вечерашниот меч купиле браќата на Јокиќ кои би требало да го бранат од евентуални напади од публиката и противничките кошаркари.

На ова реагираше долгогодишниот играч на Мајами, Јудонис Хаслем кој упати предупредување до Немања и Страхиња.

„Ние ќе играме кошаркарски натпревар, што било – било, навистина немам врска со она што се случило. Слушам, меѓутоа, дека браќата на Јокиќ купиле билети за овој натпревар. Би било подобро за нив да се однесуваат пристојно, да не доаѓаат да прават проблеми. Мајами е мој град, МОЈ ГРАД!

Не разбирам зошто тие купиле билети. Ќе дојдат и ќе направат… Што? Нека не почнуваат нешто. Нека дојдат, нека уживаат во натпреварот и потоа нека си одат. Никој нема да го воземирува нивниот брат, ние сме тука да играме кошарка“, порача Хаслем.

Браќата Јокиќ можеби имаат некои свои планови, но Денвер Нагетс си има поголеми проблеми пред вечерашниот натпревар. На Флорида одат со серија од шест порази и како деветтопласирани во Западната конференција, а ќе се сретнат со вториот на Истокот.

0Shares
0 0