Досегашниот играч на Бостон Селтикс, Џабари Паркер би требало да го замени Никола Миротиќ во тимот на Барселона, тврдат шпанските медиуми.
Наводно, преговорите се во завршна фаза и кошаркарот со деветгодишно искуство во НБА треба само да ги помине лекарските прегледи за да стави потпис на договорот. Паркер е втор пик на драфтот во 2014 година, беше избран од Милвоки Бакс каде ги помина првите четири сезони од кариерата по што играше за Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон.
Во третата сезона во Милвоки, просечно постигнуваше по 20,1 поен, но потоа ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото поради што мораше долго да паузира, а по враќањето повеќе не беше оној стариот. За девет сезони, само два пати играше во плејоф, а евентуалниот трансфер во Барселона ќе биде добар обид за оживување на неговата кариерата со оглед на тоа што има само 28 години.