Поранешниот македонски репрезентативец се враќа во Италија

0Shares
0 0

Откако во септември му пропадна трансферот во јапонскиот Алварк Токио, Џордан Теодор најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во италијанското првенство.

Тамошните медиуми тврдат дека следна станица во кариерата ќе му биде тимот на Венеција што за него ќе биде враќање на Апенинскиот полуостров откако една сезона (2017/18) помина во тимот на Милано. Некогашниот македонски репрезентативец лани играше за Уникс со кого стигна до финалето на Еврокупот, но веднаш потоа си замина од Казан.

Теодор играше за македонскиот национален тим во 2017 година, во претвалификациите за Светското првенство кога противници на нашата репрезентација беа Косово и Естонија. Иако таа година бше прогласен за МВП на завршниот турнир од Лигата на шампионите на ФИБА, како член на Банвит, во црвен-жолтиот дрес не остави добар впечаток по што тогашниот селектор Јорданчо Давитков повеќе не го повика.

0Shares
0 0