Порази на двата македонски претставника во БИБЛ

0Shares
0 0

Екипите на ТФТ и Навико Академија ФМП доживеаја порази на денешните натпревари во регионалното натпреварување.

ТФТ загуби на гостувањето кај црногорскиот Ибар со 77-79 и пропушти шанса да дојде до третата победа во низа, а со тоа можеби уште сега да го обезбеди пласманот во следаната фаза. Клучни беа два момента: третата четвртина во која домаќинот постигна 35 поени и двете промашени слободни фрлања на Александар Костоски на пет секунди пред крајот со кои можеше да донесе израмнување и продолжение.

Амир Смит со 20 поени беше најефикасен играч на ТФТ, Џон постигна 19, а Костоски 13. Следен противник на македонскиот прволигаш во БИБЛ е тимот на Приштина.

Многу поубедливо загуби Навико Академија ТФТ која ја заврши турнејата низ Израел со пораз од Макаби Хаифа од 73-95. Најголемиот дел од работата домаќинот го заврши во првото полувреме кое го доби со 49-33.

Следен противник на Навико Академија ФМП е бугарскиот тим Левски, а пред крајот на месецов ќе го пречека и Макаби Хаифа.

0Shares
0 0