Повторно иста песна: Цибона пред гаснење!

0Shares
0 0

Речиси секоја година во овој период, од Загреб се слуша истата песна – Цибона е пред гаснење или пред стечај.

Ова лето не е исклучок, повторно тамошните медиуми тврдат дека поранешниот двоен европски шампион се наоѓа во тешка финансиска состојба и дека се изброени неговите денови. Сметката на клубот е блокирана, играчите се без плати со месеци и не добија ниту пред финалната серија во која го победија Задар, а Цибона е без раководство, без сала и наскоро најверојатно без играчи. Долговите се огромни, неофицијално изнесуваат околу пет милиони евра, а во таква ситуација не им одговара да влезат во оган ниту на потенцијалните инвеститори кои се најавуваа претходните недели.

За и овојпат да се спаси, Цибона треба да добие сериозна финансиска инјекција, а во овој момент не се гледа такво нешто бидејќи сега дури ни градот Загреб не сака да се вклучи во тоа иако тој беше оној што претходните години го спасуваше клубот. Ако нешто не се смени следните денови, многу веројатно Цибона ќе влезе во стечај, а со тоа ќе го загуби прволигашкиот (веројатно и АБА-лигашкиот) статус и ќе почне од најнизок ранг на натпреварување во хрватскиот систем.

Интересно е тоа што Цибона се наоѓа во ваква ситуација во сезона во која ја освои двојната круна, а клубот имаше екипа за каква со години сонуваа најголемите навивачи. Составена беше од млади играчи кои се светла иднина на хрватската кошарка, нешто што одамна не е видено во загрепскиот гигант.

0Shares
0 0