Позитивни вести од Партизан Водно Санс: Донаковски се чувствува добро!

0Shares
0 0

Непријатната епизода што се случи попладнево во Чаир, за среќа, има добар епилог. Стефан Донаковски кој колабираше на натпреварот меѓу Шкупи и Партизан Водно Санс се чувствува добро и е пуштен на домашно лекување откако неколку часа помина во амбулантата во Автокоманда.

„Прими инфузија и го пратија дома, во моментов се е во ред со него и мило ми што оваа непријатна ситуација заврши добро. Стефан имал напорни денови, но не кажал никому затоа што чувствувал огромна желба да игра против Шкупи и да помогне при пласманот во полуфиналето.

Во оваа прилика би сакал да ги пофалам и да им се заблагодарам на медицинските лица од Брзата помош кои пристигнаа во салата за неколку минути, а потоа час и половина останаа со Стефан за секој случај. Исто така, раководството и кошаркарите на Шкупи, пред се Енвер Мифтари, направија се што можат да помогнат и јас им благодарам и им честитам за тоа“, изјави првиот човек на Партизан Водно Санс, Горан Андреевски.

Без Донаковски, гостите го одиграа финишот и дојдоа до победата која ги носи во полуфиналето од плеј-офот во Втората лига.

0Shares
0 0