По пауза од една сезона, во Македонија би требало да се врати американскиот интернационалец Двејн Морган и повторно во редовите на ТФТ.
Во тимот од Тафталиџе тој ќе дојде по годината помината во мексиканското првенство, во екипата на Солес каде што просечно постигнуваше по 12,5 поени и 6 скока и оставио одличен впечаток. Во меѓувреме доби државјанство на Камбоџа во чиј дрес настапи на Игрите на југостична Азија каде го освои сребрениот медал.
Во тимот на ТФТ, Морган играше во вториот дел од сезоната 2021/22 кога одигра 12 натпревари, со просек од 9,2 поена и 5,2 скока. Пред да дојде во ТФТ, половина сезона играше и за Феникс каде, исто така, беше еден од најдобрите кошаркари. Морган би бил трето странско засилување за поранешниот освојувач на Купот на Македонија, по Треј Верц и Џелани Симонс. Нов играч на овој прволигаш е и поранешниот младински репрезентативец Павел Данаиловски.