Преодниот рок во Првата лига до 16 април

0Shares
0 0

Управниот одбор на КФСМ на состанок одржан на 30 март, донел одлука за промена на периодот за регистрација на нови кошаркари на клубовите од Првата лига во машка конкуренција.

Преодниот рок, како што објави Федерацијата, ќе трае до 16 април што значи дека екипите имаат уште девет дена да се засилат пред завршниот дел од првенството.

Од основниот остануваат уште одложените натпревари кои треба да се одиграат до 7 мај по што ќе се одржи Купот на Македонија и ќе стартува плеј-офот во изменет систем.

0Shares
0 0