Легендите на македонската кошарка Лазар Лечиќ и Благоја Георгиевски Буштур денеска добија Орден за заслуги од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
Во нивно име, одличјата ги примија синот на Буштур, Борјан Георгиевски и внукот на Лечиќ, Андреј Апостолски Лечиќ. Покрај нив, признанија добија уште три легенди на македонскиот спорт.

„Со Медал за заслуги за Република Македонија ги одликував Лазар Лечиќ, постхумно – Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.

Иако сме мала нација како број, горди сме на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Посакувам нивните врвни резултати и постигнувања да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација”, објави Пендаровски.