Репрезентацијата на Словенија имала непријатно доживување, веднаш по пристигнувањето во Окинава каде ги правеше последните подготовки пред почетокот на Светското првенство.
Лука Дончиќ откри дека тој и неговата репрезентација биле итно евакуирани поради узбуна во доцните вечерни часови. Подоцна било објавено дека причината за тоа се два балистички проектили кои ги испалила Северна Кореја, но, како што се наведува во извештаите, место на отворено море, наводно по грешка, тие завршиле во близина на Окинава. Освен кошаркарите, се евакуирало и локалното население кои побарало засолниште од можни катастрофи.
„Се е одлично, освен што не спиев поради аларм. Беше лудо, видов само дека стигнува некаков проектил и се исплашив“, откри Дончиќ откако јапонската влада соопштила дека подрачјето е безбедно.
Сепак, со тоа не се покриени сите проблеми бидејќи за деновиве е најавено силно невреме во регионот на Окинава, во форма на тајфун. Ако тоа се случи, сите репрезентации ќе бидат преместени во Филипини и таму ќе ги играат своите натпревари од групната фаза.