Продолжи победничката серија на Давитков и Таргу Жиу

0Shares
0 0

Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков со својот тим Таргу Жиу ја оствари четвртата победа во низа во романското првенство.

Во својот десетти натпревар од шампионатот, Таргу Жиу ја победи Миеркуреа со 97-67 и привремено се искачи на седмата позиција на табелата, но треба да се истакне дека сите екипи немаат ист број одиграни дуели. На денешниот натпревар немаше неизвесност, домаќините беа во сигурно водство во текот на сите 40 минути.

Во претстојното коло, Таргу Жиу има сериозен тест, на гости кај четвртопласираниот Питешти.

0Shares
0 0